Македонија

Делови од Аеродром и Карпош без струја

Без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Трета македонска бригада“ бр.70 во општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Бриселска“ и „Копенхагенска“ во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни