Делови од „Илинденска“, „Ленинова“ и Град Скопје во утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 29.08.2021 година (недела) поради менување на вентили за потребите на ЈП Паркови и зеленило – Скопје на бул. Илинден бб (Градски парк), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од бул. Илинден и дел од Аминта Трети, вклучително објектите на Собрание на град Скопје и општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.