Македонија

Денес без вода дел од Општина Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека денеска поради водоводен приклучок Ф-1“ на ул. Борка Талевски 71 во Општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Борка Талевски и Атинска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до изведување на водоводниот приклучок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни