Денес е голем празник, Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество, Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (3Мој. 12, 2-7; 2Мој. 12, 2).

Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захарија, таткото на Свети Јован Предвесник.

Тој ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки.

Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зошто го видоа очите мои спасението Твое.“ Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Еве, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот.“ Ана, пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва, и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на јерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот.

А фарисеите присутни во храмот, штом видоа и слушнаа сè, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса.

Но, во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и, според упатство на ангелот Господов, се упати кон Египет.

Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.

Мечката одредува каква ќе биде зимата

Оние кои живеат во близина на зоолошката градина ќе им ја препуштат прогнозата на мечките. Се верува дека овие животни денес одредуваат какво време ќе не очекува во наредниот период. Ако на Сретение е сончев ден и ако мечките излезат од дувлата и се плашат од своите сенки и се вратат, се верува дека зимата ќе трае уште шест недели.

Ако не видат сенка, ќе излезат од своите пештери да бараат храна и зимата заврши.

Обичаи и верувања

Вообичаено е да се палат свеќи на Сретение бидејќи се верува дека пламенот има скриена магична моќ и ќе ја заштити куќата од громови и други несреќи. На овој ден девојките треба да внимаваат каков маж најпрво ќе сретнат бидејќи тоа може да им ја одреди судбината. Се верува дека ќе се омажи за мажот кој што првпат го запознала тој ден.

Според канонот на православната црква, Сретение се вбројува меѓу празниците Господови и Богородица, бидејќи на тој ден истовремено се прославува и чистотата на Богородица.

Празникот се празнува уште од времето на царот Јустинијан, во црковниот календар е означен со црвена буква.