Денес и утре променливо, со дожд и грмежи во попладневните часови

Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ индекс 7.

Денес и утре попладне локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

И во Скопје, денес и утре ќе се задржи нестабилно време, со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Се очекува од четврток да се стабилизира времето и да настапи период на  суво и сончево време со мала локална облачност.

.

Извор: ТВ21