Македонија

Денеска дождливо, од утре намалување на облачноста и пад на температурите

Денеска дождливо, од утре намалување на облачноста и пад на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (локално над 25 л/м2 воден талог). Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

Во Скопје во текот на денов ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен
пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен јужен ветер.

Според УХМР, утре во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува засилен северен ветер,
што ќе услови значително опаѓање на дневната температура.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни