Балкан

Денеска e погребот на убиените Срби во Бањска

Денеска e погребот на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани во Врњачка Бања и Лепосавиќ.

Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања.

Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.

Потсетуваме, Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово.

Нивните тела дури вчера биле земени од нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни