Македонија

Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј

Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј

поред календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 август.

Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј.

Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (јулијански календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век. Инаку, апостолот пострада маченички во ерменскиот град Албанопол, каде беше и закопан од албанополските христијани. Подоцна, поради чудата што се случуваа на местото каде што се наоѓаа неговите мошти, незнабошците го извадија ковчегот од земјата и го фрлија в море.

Но, ковчегот не потона, туку по морето доплови до Липарските острови. А Липарскиот епископ Агатон во едно откровение дозна за ова, ги зеде моштите на апостолот и ги смести во црквата посветена на св. апостол Вартоломеј. А кога во деветтиот век муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на свети Вартоломеј беа пренесени во Бенвенет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни