Живот

Денеска е Преподобен Иларион Велики

Денеска е Преподобен Иларион Велики

Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти.

Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики. Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше близу Газа.

За да ги избегне пофалбите од луѓето, често го менува-ше местото на живеење Египет, Сицилија, Далмација, и најпосле на Кипар, каде и го заврши својот доблесен, светол и трудољубив живот, на 80 години. Тоа се случи околу 372 година.

Неговите чудотворни мошти подоцна беа пренесени во Палестина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни