AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Денеска е Собор на сите македонски светители

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 септември.

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тиверополски (струмички) маченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети мч. Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Македонски, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.