Живот

Денеска е Св. маченик Бонифациј

Денеска е Св. маченик Бонифациј

Бонифациј беше роб. Живееше во Рим со својата господарка Аглаида во незаконит брак. Иако и двајцата беа христијани по име, далеку беа од светиот живот. Еден ден Аглаида му даде многу пари на Бонифациј и го прати на Исток да и донесе мошти од некој христијански маченик.

Овој отиде во градот Тарс, во Мала Азија, и гледајќи како христијаните беспра¬вно страдаат за Христа, поверува и самиот. Заради тоа беше ставен на маки и најпосле погубен.

Неговите придружници ги зедоа неговите мошти и ги однесоа во Рим кај Аглаида. А таа, откако доживеа внатрешен земјотрес поради тоа сведоштво, изгради црква и ги положи таму моштите на свети Бонифациј. Ова се случи за време на император Диоклецијан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни