Магазин

Денеска е Св. патријарси Александар, Јован и Павле

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 август.

Сите овие беа патријарси на цариградската катедра во разни времиња. Првиот, Александар, во времето на цар Константин, а се упокои во 340 година на свои 98 години. Свети Јован Посник беше патријарх во шестиот век. Последниот, Павле, раководеше со цариградската црква во осмиот век во тек на осум години, а потоа се повлече од престолот во тихување. Имено, сметаше дека не е достоен да раководи со Црквата како таков кој едно време беше приклонет кон ереста на иконоборството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни