Денеска се затвораат Олимписките игри

Во Токио денеска на свечен начин ќе бидат затворени Олимписките игри, први одржани во време на пандемија со коронавирус.

Иако истите беа планирани за минатата година, сепак поради ковид-19 беа одложени, а се одржаа оваа година под строги протоколи и без гледачи на трибините.

Нормално, затоа се зголеми гледаноста на малите екрани.

Инаку, поради временската разлика, натпреварите се одржуваа во утринските часови, а Македонија ќе ја памети оваа Олимпијада по својот преставник односно по Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал по таеквондо.

Ноќеска на полноќ, по македонско време се одржа маратонот, а за денеска, пред да бидат затворени Олимписките игри, се закажани да се одржат и неколку натпревари на кои ќе бидат поделени медали, како што се финалето во ватерполо за мажи, финалето ракомет жени, ритмичка гимнастика.

Се чини дека оваа година САД ќе ја заврши Олимпијадата како најуспешна селекција.

Следните Олимписки игри ќе се одржат во Париз 2024 година.