Македонија

Денеска сончево и топло со температури до 30 степени – од вторник невреме!

Денеска сончево и топло со температури до 30 степени – од вторник невреме!

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни