Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува да чади. Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ се на терен и го засипуваат теренот со земја за да го запрат огнот, но порачуваат дека за справување со овој долгогодишен проблем им е потребна итна помош од државните институции.

Директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, истакна дека ова е хроничен проблем кој ги надминува нивните капацитети. Тој веќе упатил апел за поддршка во опрема и механизација до Владата, Општината Куманово и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментов, на терен се интервенира со само две машини – една сопствена и една изнајмена од приватна фирма. Дополнителен проблем прави ветерот кој повторно го разгорува огнот, како и ослободувањето на гасот метан.

„Како што санираме едни делови, на други се појавува нов чад поради метанот. Земја нанесуваме секојдневно, но за целосна санација ни се потребни дополнителни градежни машини и булдожери“, изјави Томиќ.

Од претпријатието додаваат дека работат и на отстранување на забелешките посочени од Државниот инспекторат за животна средина, но нагласуваат дека без посериозна системска поддршка, депонијата „Краста“ ќе остане висок ризик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни