Балкан

ДЕТАЛИ ЗА БРУТАЛНАТА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО АТИНА: Убијците испукале 25 куршуми, па побегнале со мотор и автомобил

ДЕТАЛИ ЗА БРУТАЛНАТА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО АТИНА: Убијците испукале 25 куршуми, па побегнале со мотор и автомобил

Непознати лица убиле денеска шест лица во атинската населба Артемида со 25 куршуми, јавија локалните медиуми.

Полицијата трага по сторителите кои по пукањето со мотор и црн автомобил побегнале од местото на несреќата.

Според првичните информации, пукањето се случило на улицата Арафинос, во близина на раскрсницата со улицата Арионос. Во Артемида во моментов е опсадна. Полицијата го обезбедува местото на престрелката, а блокирани се и бројни приоди.

Според Си-Ен-Ен Грција, бил употребен пиштол калибар 9 мм. Некои медиуми јавуваат дека се работи за пресметка на две банди, кои пукале пред автомобил во кој загинале пет лица. Како што понатаму наведуваат, возачот, односно шестиот убиен, при бегството немал време да влезе во автомобилот, поради што паднал мртов пред возилото.

Како што јавија локалните медиуми, пет лица загинаа во автомобил на раскрсницата на улиците Арионос и Акрополеос, додека телото на еден маж е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички.

Алармот бил вклучен, додека на терен има силни полициски сили кои пристигнале на повик околу 17:40 часот по локално време.

Во тек е истрага.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни