Охриѓанецот кој почина од британскиот сој на коронавирусот имал 46 години и не патувал надвор од земјата, пренесува „Сител“.
Пациентот имал и други хронични заболувања , а битката со вирусот ја изгубил уште на 8ми јануари, а и тој како и другите двајца кои се заразени со новиот сој на коронавирусот воо епидемиолошките анкети навеле дека не патувале надвор од земјава, а позитивен тест добил на 4ти јануари.
Официјално засега имаме три случаи кај кои е потврдена британската мутација.