Свет

Детали за трагедијата во Приједор: Помладата ќерка ја гледала смртта на нејзиниот татко и сестра

Детали за трагедијата во Приједор: Помладата ќерка ја гледала смртта на нејзиниот татко и сестра

Спортскиот авион Цитабриа со две седишта денеска околу 14 часот и 50 минути се урна во нива покрај автопатот Приједор-Козарска Дубица. Во него имало две лица, таткото, познат планинар и инструктор по летање и неговата постара ќерка. Помладата била на земја и ја гледала трагедијата на своите најблиски.

Авионот веќе бил успешно летал во текот на денот, но последниот лет со кој пилотирал Љ.А. заврши трагично.

„Летаа 20-30 метри во воздух и наеднаш пропаднаа. Не знам дали изгубил контрола, или што се случило“, ни изјави жител на Приједор.

Според очевидци, авионот се урнал веднаш по полетувањето, а бил стар околу четири децении.

„Авионот падна веднаш по полетувањето на полето покрај главниот пат Приједор-Козарска Дубица“, раскажуваат тие.

На местото на несреќата се припадници на полициската управа Приједор и припадници на Територијалната противпожарна и спасувачка единица.

Со соработниците пристигна и градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, пренесува Инфоприједор.

ФОТО: Инфоприједор

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни