Македонија

Дете со церебрална парализа болно од мобили во тешка здравствена состојба

На Инфективна клиника вчера се регистрирани пет новозаболени од морбили а двајца се примени на лекување. Две деца на 6-месечна возраст се на респиратор поради компликации на белите дробови предизвикани од морбилите, а едно дете е во тешка состојба.

„Едното е дете од Кочани со церебрална парализа и е со тешка пневмонија, кое претходно било лекувано на Клиниката за детски болести и на детското одделение во болницата во Кочани. Детето е во тешка општа состојба и било невакцинирано. Второто дете е на 13-месечна возраст од Сарај, кое е невакцинирано и не посетувало градинка. На Клиниката во моментов се лекуваат 22 пациенти од кои 3 се возрасни и 19 се деца. Амбулантски се прегледани уште три пациенти со морбили, дете на 11-месечна возраст од Тетово, 3-годишно дете од Шуто Оризари, и 8-месечно дете од Бутел. Овие деца не биле вакцинирани и не посетувааат градинка“, велат од Министерството за здравство.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни