Децата херои од Визбегово заборавени – без транспорт, но со волја пешачат 4 километри до училиште

Стотици деца од скопската населба Визбегово, пешачат неколку километри бидејќи на никој од власта не му е грижа. Со дозвола на родителите, ТВ21 ги посети малите херои кои секојдневно пешачат вкупно 8 километри во двата правци за да стигнат и да се вратат од училиште. Иако патот не е целосно асфалтиран, сепак имаат голема желба за школување.

Го чекаат автобусот за на училиште. Но, минибусот е преполн со патници.

Трите пријателки тргнуваат пеш. Часот е 6:57, а за да стигнат до училиштето „Адем Јашари“ во Серава треба да изодат 4.1км.

По неколку-минутното пешачење од Визбегово до Серава, децата пристигнаа на влез на Шутка. Стигнуваат до следната автобуска станица, но не можат да се качат бидејќи нивното училиште сѐ уште им нема обезбедено автобуски картички. Па затоа, го продолжуваат патот преплетен со бројни предизвици

Пристигнавме до Топанско поле.

По пат наидовме на уште едно основно училиште „Хасан Приштина“ во Топанско Поле.

Сега децата брзаат и со причина.

Часот е 7:43. Пристигнавме, но се случи токму како што ни рекоа учениците.

Децата велат дека ова не е првпат да задоцнат на првиот час кој почнува во 7:30.
Овој пат учениците од Визбегово го поминуваат со години наназад од есен до пролет. Инаку, родителите уште пред 10 години добиле ветувале дека во нивната населба ќе биде изградено ново училиште.

Извор: ТВ21