Свет

Деветгодишното девојче кое беше застрелано во престрелка во Лондон се бори за живот

Деветгодишното девојче кое беше застрелано во престрелка во Лондон се бори за живот

Деветгодишното девојче кое беше застрелано пред една недела во еден лондонски ресторан додека беше на вечера со семејството, сè уште се бори за живот, пишува SkyNews. Во престрелката се повредени тројца маж и на возраст од 37, 42 и 44 години, а сите се отпуштени од болница.

„За жал, деветгодишното девојче кое само што вечераше со своето семејство, сега е во болнички кревет и се бори за живот“, изјави главниот инспектор Џејмс Конвеј. Од полицијата додаваат дека ја истражуваат поврзаноста на „турски организирани криминални мрежи“ со пукањето.

Недалеку од местото на несреќата е пронајден мотоцикл кој наводно го управувал напаѓачот. Пријавен како украден 2021 година. Вооружени полицајци шетаат во градот Хакни, каде што се случила престрелката со цел да се „обезбеди“, пишува странски медиум.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни