Во сообраќајната несреќа која се случи во Ливорно кога германски државјанин удри во наплатна рампа, три лица загинаа, а неколку се повредени. Меѓу нив има и девојче, чиј живот, според зборовите на нејзиниот татко, го спасиле куферите во возилото.
Во несреќата што се случи на 2 јуни на автопатот во Италија, во близина на Ливорно, загинаа три лица, а неколкумина беа повредени.
Тешко повредените сè уште се во болница, а таткото и мајката со ќерката од Австрија велат дека „чудо ги спасило“.
Таткото за италијанскиот весник Тирено вели дека се спасени само благодарение на насобраниот багаж.
„Чудо е, ќерка ми нема гребнатинка и покрај скршеното задно стакло“, рекол таткото.
„Застанав во редот на патарина, платив, тргнав и одеднаш нешто силно не удри. Ќерка ми беше на задното седиште, за среќа имавме багажник и стаклата се искршија, но таа беше неповредена благодарение на полн багажник со работи и куфери“, објасни тој.
Страшна, многу тешка сообраќајна несреќа се случила кога 61-годишен маж, државјанин на Германија, наеднаш „полудел“ и свртел десно, насилно удирајќи во патарина во областа Ливорно.
Тој и неговата сопруга починале на лице место. Покрај нив, загина уште едно лице кое управувало автомобил Хонда.
Меѓу повредените има и две деца на една и шестгодишна возраст.