Балкан

„Девојката со крилја“ ја облекува својата мала ќерка со стапалата, луѓето и се восхитуваат

„Девојката со крилја“ ја облекува својата мала ќерка со стапалата, луѓето и се восхитуваат

Дејана Бачко е родена без раце, но тоа не ја спречи да стане сликарка и светски шампион во теквондо за лица со посебни потреби. Пред една недела го роди девојчето Лара, а на Инстаграм секојдневно покажува дека невозможното понекогаш е возможно.

Таа објави видео во кое со стапалата ја облекува својата штотуку родена ќерка, што е доказ повеќе дека добро се снашла во улогата на новопечена мајка.

Видеото кое можете да го погледнете овде ги воодушеви следбениците на Дејана.

„Честитки девојко, голем поклон до тебе“, „Секој што се жали на каква било глупост нека го гледа ова“, „Жено, треба да добиеш Нобелова награда“, „Храброст, снаодливост, љубов и способност да се носиш со незамисливото, таа Дефинитивно ќе биде манекенка.Капа долу“, се дел од коментарите во кои следбениците на Дејана го изразија своето воодушевување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни