Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за емисијата 24 анализа вели дека е подготвен да одговара на сите институции во случај на кривична пријава поради прекршување на Уставот. Вели дека ќе го употребува мајчиниот јазик кога и каде да е потребно и тоа не подлежи под никаква санкција.
Во врска со резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и црвените линии, вели дека и таа се уште ја примил и ако ги исполнува условите ќе се најде на дневен ред во Парламентот.
„Основ за мене е тоа што ќе го примам во соодветна процедура како официјален документ, а не во медиуми. За мене официјално е кога ќе го добијам на маса, и според Деловникот ќе дадам став.“ – истакна Џафери.