Македонија

Џафери: Јас ги заклучив, ама вие ги отворивте вратите и ги доведивте животите на луѓето во опасност

Џафери: Јас ги заклучив, ама вие ги отворивте вратите и ги доведивте животите на луѓето во опасност

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во своето обраќање по повод поднесената Интерпелација, за делот каде тој ги заклучил вратите за пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување, истакна дека тој ги заклучил вратите, но тие ги отвориле и ги довеле животите на луѓето во опасност.

„Значи ако сум ги затворил вратите по Деловник, да се утврди фактичка состојба затоа што тоа е процедура, за разлика од некои, не сум ги отворил вратите па да ги доведам во прашање животите на луѓето“, порача Џафери.

По оваа изјава, во Собранието имаше аплауз.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни