Македонија

Џафери на 6-ти август ќе ги распише изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери на 6-ти август ќе ги распише локалните избори.

Оваа информација тој ја споделил на вчерашниот брифинг со новинарите откако претходно беше познато дека партиите се договорија и ги усогласија ставовите изборите да се одржат на 17. октомври.

Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години, кажа Џафери.

Инаку, избори на 17. октомври ќе има и во Косово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни