Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „10 минути“ на ТВ21 вели дека четвртата партија која треба да решава за разрешување на обвинителката Јанева, е Алијанса за Албанците. Објаснувајќи го Деловникот на Собранието за свикување седница за разрешување на Јанева, вели дека се уште нема одобрение од четирите партии за свикување седница, но не верува дека ќе има проблеми околу тоа.
-Според начелата врз кои е основано СЈО во текот на преговорите од Пржинскиот договор, врз концептот за соодветно претставување во политички и етнички контекст резултира со тоа што во овој момент кога се одлучува за разрешување на обвинителката, четвртата партија да биде Алијанса за Албанците поради фактот дека има ист број на пратеници со другите две партии кои се во Парламент, односно со Алтернатива и Социјалистичката партија на Македонија-вели Џафери.
Во врска со свикувањето пленарна седница за предлог законот за Обвинителството, Џафери рече дека истата не може да се свика без да биде разгледан извештајот од страна на Комисијата за европски прашања која треба да даде известување за текот и резултатот од работата на Комисијата.
-Јас посакувам политичките партии да имаат чувство на политичка одговорност за разликите, за да не допринесат за правен јазол во постапката за иднината на самата институција и предметите во истата-рече Џафери.
Џафери рече дека политичките партии не треба да дозволат одлагање на работите и меѓу партиските дебати за да не се надминат предвидените рокови за СЈО.