Во текот на утрешниот ден Димитар Ковачевски ќе стане нов мандатар за состан на нова Влада откако од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе го добие мандатот.
Ова денеска го потврди и претседателот на Собранието Талат Џафери во својот завршен говор за оваа година.
Откако Ковачевски ќе го добие мандатот, има рок од 20 дена за состав на нова Влада и програма, која подоцна треба да ја прелдожи до Собранието.
Според најавите на собранискиот спикер, седница за гласање на нова Влада ќе се одржи на 15 или 16-ти јануари.