Џафери за Законот за јазиците и уставните измени: Наскоро во службен весник, јас ќе ги потпишам

Законите кои претседателот Иванов одлучи да не ги потпише, ќе ги потпишам јас – ова го изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој изјави дека во Службен весник ќе биде објавен и Законот за јазиците, а тоа ќе се случи по Уставните измени, кои се очекува да завршат до 15 јануари.

„Реков дека заедно, навреме ќе одат на Службен весник“, рече Џафери.

Се вчитува...

Собранискиот спикер вели дека ова работа требало да ја заврши Претседателот на државата, бидејќи тоа е негова должност.

„Нема потреба да се договорам со никого што се однесува до надлежностите на институциите. Иванов имаше должност да го направи тоа, мислам дека ова е истрошена тема. Нормално дека ова ќе оди на тој начин, за да не биде загрозена волјата на Собранието и тоа ќе се реализира. Ќе се случи. Тоа е веќе потпишано. Тоа е моја одлука“, изјави претседателот на Собранието.

Поради не потпишување на законот и по второто читање, Основното јавно обвинителство отвори постапка против претседателот, Ѓорге Иванов, кој е под истрага за прекршување на Уставот.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21