Џејк Џиленхол си призна: Бил лудо „затрескан“ во Џенифер Анистон

Снимањето на филмот „The good girl“ со Џенифер Анистон се чини дека за актерот Џејк Џиленхол не било баш лесно.

Во тоа време, актерот бил „затрескан“ во него, а сега во интервју за Шоуто на Хауард Стерн тој уште еднаш се потсети на оваа љубовна комедија.

„О, да, тоа беше мачење. Да, беше!“, вели Џејк, смеејќи се и додава:

„Чудно е зашто, љубовните сцени се незгодни – 30, 50 луѓе гледаат во вас… Но, исто така, тоа е танц, вие одлучувате што ќе има на камерата. Може да учествуваш, но тоа е како сцените со борба, мора „да ги наместиш“ („кореографираш“) тие сцени“

Џејк, кој во тоа време имал 20 години, призна дека при снимањето на љубовните сцени „е употребена и перница“ меѓу нив и дека Анистон, која е 12 години повозрасна од него, имала целосно разбирање за тоа.