Џенифер Анистон и Адам Сендлер повторно заедно во комедија

Џенифер Анистон и Адам Сендлер повторно заедно ќе се појават во продолжението на „Мистериозно убиство“, хит-акционата комедија од 2019 година..

Ова го потврди режисерот Џереми Гарелик.

Филмот ќе се снима во Париз и на Карибите.

Ликовите на Анистон и Сендлер, следејќи ја оригиналната приказна, се брачна двојка на патување во Европа, а таму се случува мистериозното убиство, за кое се осомничени токму сопружниците.