Џенифер Хадсон откри дека е многу возбудена што ќе ѝ оддаде лична почит на покојната Арета Френклин, во филмот „Почит“ (Respect). Младата пејачка и актерка ја доби улогата на кралицата на соул-музиката
Инаку Френклин, која почина во 2018 година, ја избра токму оскаровката од „Девојки од соништата“ да ја глуми во филмот, кој пак, се појави во кината во петокот.
Во вториот филмски проект оваа година – „Почит“ за легендарната Френклин се раскажува за предизвиците во нејзиниот живот, патот од дете на евангелистичкиот црковен хор на нејзиниот татко до семејното насилство и зависност од алкохол на патот кон светската слава.
Хадсон, која пееше на погребот на Френклин, вели дека чувствува дека тие две имаат многу заедничко.
„Нашата вера е првото нешто. И, не знаев дека таа има такви трагедии во нејзиниот живот – ова е второто. Филмот е во чест на госпоѓата Френклин и се надевам дека ќе ја почестам на најдобар можен начин!“, рече актерката.
Хадсон имала неколку телефонски разговори со Френклин пред нејзината смрт, а кралицата на соулот инсистирала нејзината вера да биде главна тема на филмот.
