Џенифер Лопез никогаш не го вратила вереничкиот прстен? Дијамантот кој Бен и го подарил, денес вреди многу повеќе

Во ноември 2002 година, за прв пат, прстен вреден 2,5 милиони беше забележан на раката на познатата ѕвезда Џенифер Лопез, а денес неговата вредност е многу поголема.

Пред речиси две децении, Џенифер Лопез едвај најде зборови за да ја опише својата среќа по повод свршувачката, во разговор со Дајан Соер. Тогаш Бен Афлек и подари розов дијамантски прстен потпишан од Хари Винстон и го плати, според странските медиуми, 2,5 милиони долари.

Денес, според наводите, цената на „каменот“ значително скокна – наводно вреди дури 12 милиони.

По раскинувањето, пејачката никогаш не го врати прстенот, изјави нејзиниот поранешен публицист Роб Шатер, кој додаде дека доколку обновената врска се придвижи во таа насока, Џеј Ло веќе го има најубавото парче накит.

Инаку, Бен во ноември 2002 година ја запроси Џенифер Лопез токму со овој прстен.