Џони Деп доби можност за пресврт во судската битка против Амбер Хард

Познатиот актер Џони Деп конечно доби можност за пресврт во разводната парница, против поранешната сопруга Амбер Хард.

Оваа приказна трае од 2016 година, кога неговата сопруга поднесе барање за развод и го обвини Деп за насилство.

Деп и неговите адвокати тогаш ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека Хард само се обидува да профитира, но, наскоро беше постигната и спогодба од седум милиони долари, за која Хард тврдеше дека ќе ги донира на Сојузот за граѓански слободи на САД и Детската болница во Лос Анџелес.

Сега Деп бара да се открие дали неговата екс сопруга го одржала тоа ветување, а неговиот адвокат Ендрју Калдекот тврди дека оваа ветена донација била „пресметана и манипулативна лага“, која од самиот почеток имала за цел да го уништи Деп.

Судот во Њујорк делумно го уважи барањето на правниот тим на Деп и ќе наложи американскиот Сојуз за граѓански слободи да ги објави документите кои потврдуваат дека Хард го исполнила својот дел од спогодбата.

Ако се покаже дека Хард не ги дарувала парите, Деп и неговиот правен тим ќе имаат аргументи против неа, во негова корист.

Спогодбата беше постигната во август 2016 година, а три години подоцна Деп го тужеше британскиот таблоид „Сан“ за пишување дека ја малтретирал својата сопруга. Тоа доведе до судење во 2020 година, кое Деп го загуби.