Џони Деп проговори за бојкотот на Холивуд – „апсурдна медиумската математика“

Познатиот актер Џони Деп проговори за бојкотот кон него од страна на Холивуд.

Тој си ја отвори својата душа во првото интервју по губењето на неговата тужба за клевета минатата година, против британскиот таблоид „Сан“, каде што актерот беше наречен „сопруготепач“.

Имено, откако лани го загуби случајот за клевета, Деп објави и дека од него било побарано да си поднесе оставка од франшизата „Фантастични ѕверки“, а тогаш го замени данскиот актер Мадс Микелсен.

Според „Тајмс“, новиот филм на Деп – „Минамата“ нема да излезе во САД, а режисерот Ендрју Левитас го обвини дистрибутерот „МГМ“ дека подлегнал на притисокот и дека „личните прашања на глумецот не треба негативно да се одразат врз филмот“.

„Филмовите ги засегаат луѓето. И, ова влијае на сите оние што работеа на „Минамата“ и слични работи. И Холивуд ме бојкотира – мене? Еден човек, еден актер во непријатна и неуредна ситуација, која трае неколку години?“, вели Деп.

Според него тоа е „апсурдна медиумската математика“.

Деп, инаку, добива поддршка и од своите обожаватели.

„Обожавателите отсекогаш биле моите „работодавачи“. Купуваат билети, производи… Тие ги направија сите тие студија – богати, но овие тоа го заборавија одамна. Горд сум на тие луѓе, поради она што тие се обидуваат да го кажат, а тоа е вистината. Вистината што тие се обидуваат да ја откријат бидејќи веќе ја нема во „мејнстрим“ написите. Но, тие останаа на овој пат со мене и за нив ќе се борам. Секогаш, до крај! Што и да е!“, вели Деп. 

Инаку, минатата недела беше објавено дека Филмскиот фестивал во Сан Себастијан ќе му ја додели највисоката награда „Доностија“, на 22 септември.