Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата истакна дека е одлучен да донесе „промени на подобро“ по Брегзит, и во таа прилика објави две видеа на Твитер.
Неговите следбеници на социјалната мрежа набрзо реагираа и коментираа дека се збунети од неговите шеги за кампањата.
Користејќи ги намирниците како инспирација, Џонсон во едно од видеата премачкува тост со путер и вели: „Build Back Butter“.
Додека гледаше кон камерата, британскиот премиер изгледаше задоволен од својата духовитост.
#BuildBackBetter pic.twitter.com/tHVxnHbdDE
— Boris Johnson (@BorisJohnson) October 5, 2021
Во друго видео, Џонсон повторно седи на масата и ја одмотува храната. Пред да почне да јаде, го изговара својот нов слоган.
Следбениците во коментарите му рекоа дека се збунети од неговите видеа, и многумина почнаа да го критикуваат и исмеваат.
#BuildBackBetter pic.twitter.com/KhYrVAxWxC
— Boris Johnson (@BorisJohnson) October 4, 2021