Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани ќе биде погребан утре попладне во семејната гробница во селото Ривалта, во близина на Пјаченца, а церемонијата ќе биде затворена за јавноста.
Здружението на замоците на Војводството Парма, Пјаченца и Понтремоли, предводено од грофот Орацио Занарди-Ланди, кое е сопственик на селото, објави дека Ривалта ќе биде „затворена утре од безбедносни причини и за да се обезбеди приватноста на погребот“.
Дизајнерот често доаѓал во малото средновековно село за да го посети гробот на неговата мајка, а бил и добар пријател на Занарди-Ланди, пренесува Анса.
