Македонија

ДИК експресно отфрли 1478 приговори од Левица, остануваат уште 504

Државната изборна комисија (ДИК) ја започна седницата на која ги разгледува и одлучува по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори. Членовите на Комисијата отфрлија 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, бидејќи немале потпис од овластено лице.

Вкупно 151 приговор поднесе и Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива.

Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни