Македонија

Димитриевски остро за настаните во Куманово: Ваквите дејствија не треба да дозволиме да се случуваат

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се огласи по повод немилите настани кои ноќеска се случија во Куманово, каде беа опожарени автомобили и деловни објекти на советник на Општината и на јавниот обвинител Џелал Бајрами.

„Најостро ги осудувам немилите настани што се случија ноќеска во центарот на Куманово – опожарување на деловен објект и автомобили. Ги повикувам надлежните инстититуции професионално и навремено да ги дознаат сторителите и да се изречат соодветни казни. Ваквите дејствија не треба да дозволиме да се случуваат никаде во државата“, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни