Димитров: Азилот на Груевски е парадокс, Црна Гора и Србија во вперија прстот кон Македонија

Во отсуство на сигнал дека екс-премиерот, Никола Груевски се бара од македонските власти, црногорскиот министер за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ, рече дека неговата земја немала никакво право да го уапси Груевски. Особено не со оглед на тоа што тој низ Црна Гора се движел со дипломатско возило.

„Нашите служби ги информираа безбедносните служби на Македонија. Се подразбира како што прават пријателските и партнерските држави. Така да од страна на Црна Гора немаше некаква игра или скриени дејствија, нешто што би ги прекршило нашите закони“, изјави Дармановиќ.

Се вчитува...

Поостар во своите изјави беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој во една телевизиска емисија во Србија, рече дека неговата земја немала никакво право да го уапси екс премиерот на Македонија.

„Доцнеа три дена. Со кого си играте вие? Барате во Србија да се уапси лице за кое нема потерница, ова го сакате од Србија? Што сме ние, диво племе, дива земја за да апсиме луѓе без потерница, а уште помалку без меѓународна потерница. Тоа ли го очекувате од Србија? Наместо да прашате зошто го пуштивте и зошто чекавте толку за да издадете потерница?“, изјави Вучиќ.

Запрашан за овие коментари на претседателот на Србија, Никола Димитров, рече дека Македонија нема интерес да ги влошува односите со никого, а бегството на Груевски го нарече лекција за тоа колку е важна соработката меѓу државите од регионот.

Шефот на македонската дипломатија, исто така рече дека претседател на една странска земја не може да ги коментира судските одлуки на друга земја. Тој го нарече парадокс фактот дека лице како Груевски, кое е осудено и осомничено во неколку случи, може да добие азил во земја членка на ЕУ, како што е Унгарија.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21