Димова: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ немаше истраги, сега органите на прогон си ја вршат работата

Лидија Димова од СДСМ во „Клик Плус“ на ТВ21 му посочи на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ немало истраги, додека пак сега органите на прогонот си ја вршат својата работа.

Се вчитува...

„Во вашето владеење, во ВМРО-ДПМНЕ, во тоа време немаше вакви истраги, тогаш се фаќаа врски и се покриваше се. Во наше време органите на прогонот си ја бркаат работата, на крај ќе дојдат до некаков заклучок“, посочи Димова.

.

Извор: ТВ21