Македонија

Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова објаснува зошто на телото на ракометарот немало видливи повреди

Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова објаснува зошто на телото на ракометарот немало видливи повреди

Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни зошто на телото на ракометарот Денис Тот немало видливи повреди.

Трагите, како што рече, не биле видливи поради немање циркулација, не се забележани модринки, скршеници или повреди на ребра.

„Го видов видеото. Тоа ми падна впечатливо е уште од првиот удар, не можам да проценам колку е силен ударот, но тој понатаму не се помрднува. Можеби во тој моментот престанува да дише и нема циркулација. Ако нема циркулација, тогаш нема модрици. Со оглед на томографијата, веројатно многу долго мозокот останал без кислород. Тој момент е клучен, додава Мојсова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни