Директорот на „Македонски пошти“ ден по протестите на неговите вработени, ги прими во својата канцеларија за да разговараат за нивниот нерегулиран статус. Вработените го прашаа дали ќе имаат предност при вработувањето имајќи предвид дека со години работат како поштари, а придонеси не им биле плаќани бидејќи работеле под договор на дело.
Директорот на Македонски пошти вели дека не може да влијае кој ќе биде вработен но секако дека ќе се земе предвид работното искуство на тие што до сега работеле во пошта.
244 вработени со договор на дело во Македонски пошти со години чекаат да се реши нивниот статус и да добијат решенија за работа. Додека тие чекаат, Пошта отвора друг конкурс за 80 нови работници, без претходно да им се реши статусот на тие што веќе се ангажирани таму.