Македонија

Дизелот денеска ќе поевтини за седум денари?

Дизелот денеска ќе поевтини за седум денари?

Падот на цената на суровата нафта на светските берзи и сигналите за смирување на тензиите на Блискиот Исток отвораат простор за поевтинување на горивата во Македонија. Според најавите, бензините би можеле да поевтинат за околу 4 денари по литар, а дизелот за околу 7 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за намалување на цените, по период на повеќекратни поскапувања. Цените на горивата во изминатите месеци растеа поради глобалната неизвесност и зголемените берзански цени на нафтата.

Кончeната одлука за новите цени се очекува да биде позната денес по седницата на Регулаторната комисија за енергетика, а новиот ценовник треба да биде објавен по пладне. Доколку се потврдат проценките, намалувањето ќе донесе олеснување за возачите и транспортниот сектор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни