Дневен хороскоп за 13. ноември 2018 година

ОВЕН

Работа: Добро би било да избегнувате расправии и да бидете толерантни. Сепак, од голема корист би било денеска да бидете дипломат.

Љубов: Уживајте во друштво со саканите личности. Тоа сте го заслужиле.

Здравје: Внимавајте на повреди.


БИК

Работа: Поради тоа што сте нефлексибилни, дали размислувате околу својот конкретен придонес во колективот? Морате да мислите малку и за другите.

Љубов: Драматизирате на емотивен план. Поголемиот дел од припадниците на овој знак не може да се пожалат на осаменост.

Здравје: Воспаление на крајниците.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве советуваме да бидете малку посмирени, затоа што ве чека еден напорен и „шаренолик“ ден со многу настани.

Љубов: Во односот на партнерот ве фаќа некоја летаргија.

Здравје: Проблемите има, но брзо ќе поминат.


РАК

Работа: Малку озборувања од страна укажуваат на тоа колку вредите. Одредени личности од вашата фирма, компанија чувствуваат завист од вашиот успех.

Љубов: За осамените припадници на овој знак следува познанство со еден Јарец или Девица.

Здравје: Добро.


ЛАВ

Работа: Денеска сте успешни повеќе на теорија отколку на материјален план. Тоа не сте вие. Не дозволувајте личните проблеми да ви пречат на работата.

Љубов: Имате потполно право да се жалите на игнорирањето на партнерот.

Здравје: Временски промени ве прават изморени.


ДЕВИЦА

Работа: Се учите на туѓите грешки. Колку помалку драматично ги сфатите зборовите од работната околина, подобро за вас.

Љубов: Подгответе се за сериозен разговор.

Здравје: Секое оптоварување на работа ви прави нервоза.


ВАГА

Работа: Пробајте да го средите односот со некои од колегите. Ќе работите во подобра атмосфера.

Љубов: Ќе се оствари се што сакате со саканата личност. Бидете трпеливи.

Здравје. Притисокот ви варира.


ШКОРПИЈА

Работа: Имате храброст за големи промени, особено ако сте иницијатор на истите.

Љубов: Уживате во љубовниот занос со личност која толку долго сте ја посакувале.

Здравје: Нервозни сте повеќе од што треба.


СТРЕЛЕЦ

Работа: На новото работно место не очекувајте поголема заработка од самиот почеток. Сепак, потребно е да пројде некое време за да се докажете на новиот шеф.

Љубов: Консултирајте се со партнерот за важни работи.

Здравје: Нема проблеми.


ЈАРЕЦ

Работа: Успешен ден, особено на финансиски план. Бидете горди на себе, на својата сила и амбиција.

Љубов: Чувајте го она што го имате, да не зажалите подоцна.

Здравје: Имате премногу енергија.


ВОДОЛИЈА

Работа: Добро би било да почнете да ги учите другите, затоа што искуството кое сте го стекнале можете да го поделите, особено со помладите колеги.

Љубов: Можна врска со некој кој живее или работи во странство. И тоа веројатно од скандинавските земји.

Здравје: Чувствителни сте на времето и на воздухот.


РИБИ

Работа: Оние кои долго чекале да се вработат, ќе добијат денеска потврден одговор.

Љубов: Ќе се појави некој друга личност и ќе ви ги смени плановите. Ќе се заљубите.

Здравје: Алергија на одреден тип на храна.

Извор: ТВ21