Дневен хороскоп за 22. ноември 2018 година

ОВЕН

Работа: Се двоумите дали кај шефот да пријавите колега кој „забушава“. Подобро воздржете се, ова не е момент за создавање на лоши вибрации на работа.

Љубов: Уморни сте од секојдневно размислување за длабокото значење на зборовите на партнерот. Опуштете се, некогаш длабоко значење нема, а партнерот е искрен кон вас.

Здравје: Одлично.


БИК

Работа: На работа се е во најдобар ред, одите напред и никој не може да ве сопре. Немојте да ги слушате коментарите на колегите, тоа зависта зборува од нив.

Љубов: Имате преголеми очекувања од личност која штотуку сте ја запознале. Успорете малку и запознајте се подобро, па дури потоа размислувајте за иднината.

Здравје: Проблеми со варење на храната.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Почнете да верувате повеќе во себе, а не често да ги преиспитувате своите одлуки. Добри сте во она што го работите, и нема потреба за сомнителност.

Љубов: За нешто да смените во врската, морате да знаете што ви пречи. Размислите добро и искрено разговарајте со партнерот.

Здравје: Несоница.


РАК

Работа: Премногу обврски сте превзеле на себе и сега ви се чини дека нема да можете да стигнете да ги завршите. Пожалете се на шефот и верувајте на колегите дека и тие ќе го одработат својот дел од работата.

Љубов: Мислите на една личност во знакот на Јарец. Направете прв чекор и видете што ќе се случи.

Здравје: Ќе ви годи добра прошетка и подобра исхрана.


ЛАВ

Работа: Имате трема од некој голем разговор со надредениот. Без потреба се грижите, се ќе пројде во најдобар ред.

Љубов: Некој од канцеларија ви праќа тајни сигнали, а вие сте премногу зафатени со минатото да обрнете внимание на нешто ново.

Здравје: Спортувајте.


ДЕВИЦА

Работа: Не ви оди тимската работа, а следниот пат отворено зборувајте. Вие сте самостоен играч и тогаш постигнувате најдобри резултати.

Љубов: Премногу сте воздржани и партнерот не знае што се случува со вас. Покажете му ги вистинските чувства.

Здравје: Нервоза.


ВАГА

Работа: Се двоумите дали да прифатите шанса која ви се пружа. Пробајте да го победите стравот од непознатото и искористете го максимумот од дадените околности.

Љубов: Играта топло-ладно не е тоа што ве отсликува и не се чувствувате сигурно. Подобро откажете се и превземете иницијатива, него вака да се мачите.

Здравје: Главоболка.


ШКОРПИЈА

Работа: Имате впечаток дека сите се против вас и дека не постигнувате многу. Повторно сте нестрпливи и заборавате дека добрите работи доаѓаа после многу труд.

Љубов: Заљубени сте и уживате во поддршката која ви ја пружа партнерот. Слободните Шкорпии ќе им се отвори можност за ново познанство со многу интригантна личност.

Здравје: Добро.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ви недостасува мотивација и ви станува здодевно на работа. Немојте да чекате шефот да постави нов предизвик пред вас, самите тоа направете го и ќе добиете мотивација.

Љубов: Се обвинувате себе си за неуспех од минатото. Поминете преку тоа и ослободени започнете нова врска.

Здравје: Проблеми со желудник.


ЈАРЕЦ

Работа: Не се трудите доволно, но тоа не поминува туку така. Менувајте ја ситуацијата ако сакате и понатаму да останете на таа позиција.

Љубов: Потребен ви е „издувен вентил“ и некој нов. Обрнете внимание на еден Овен.

Здравје: Потребен ви е одмор.


ВОДОЛИЈА

Работа: Доцните малку и многу работи одложувате за подоцна. Побарајте помош од колегите и надоместете го пропуштеното.

Љубов: Непотребно се оптеретувате со љубомората. Нема опасност ниту од една страна, а вашата љубомора е единствениот проблем во вашата врска.

Здравје: Добро.


РИБИ

Работа: Ви недостасува креативност за да решите конкретен проблем на работното место. Пробајте да размислите од друга перспектива и ќе видите дека работите и не се така лоши.

Љубов: Сте се умориле од чекањето на партнерот да одлучи што сака, додека вие одамна знаете. Немојте да губите време ако не сакате исти работи.

Здравје: Повеќе спиење.

Извор: ТВ21