ОВЕН
Работа: Избегнувавте одговорност за некоја работа, или сегмент. Сега тоа ви се враќа како „бумеранг“ и станува обврска. Работете, во спротивно со расправија уште повеќе ќе „заглавите“.
Љубов: Расположението за малку нежност во моментите кога сте заедно со партнерот е во пад овие денови. Но, тоа е само една фаза, ама партнерот ќе нема разбирање.
Здравје: Избегнувајте се што го качува притисокот.
БИК
Работа: Неочекувано добра соработка со некоја личност која е роден во знакот Шкорпија. Бевте на „тенок мраз“ но сега се излековте.
Љубов: Вам ви е важно да знаете што партнерот чувствува кон вас. Тоа сега го имате. Вашата врска е стабилна. Биковите кои се слободни може да имаат изливи на нежност.
Здравје: Добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Можни се мали опуштања на работа. Концентрацијата не ви е на највисоко ниво, ама се трудите да држите чекор. Поддршка од една особа во знакот на Лав.
Љубов: Лесно комуницирате со непознати, и тоа е ваш адут. Посебно сте интересни и привлечни кон огнените знаци денеска. Зафатените Близнаци можат да се опуштат во забранета авантура.
Здравје: Проблеми со грбот.
РАК
Работа: Не сакавте да играте „валкана“ игра, ама сега сте во „кал до гуша“. Размислувате како би било да сте постапеле поинаку. Побарајте совет од адвокат или личност која познава право.
Љубов: Сте го запустиле својот изглед, па не ве приметуваат оние на кои им се допаѓате. Поработете малку на себе, и ќе видите како пристигнуваат позитивни реакции.
Здравје: Настинка.
ЛАВ
Работа: Она што вие сакате да го постигнете сè уште не е можно. Ќе имате опструкција зад која стои една личност во знакот на Водолија. Внимавајте.
Љубов: Кога вие сакате, тоа го правите со цело срце. Некој(а) многу ви се допаѓа, но секогаш некако ви се „испушта“. Слободно направете го првиот чекор, бариерите кои ви се чинат како огромни, се само маска.
Здравје: Проблеми со срцето.
ДЕВИЦА
Работа: Имате чувство дека нешто сте пропуштиле да изработите, но не знаете што. Изгледа како некому да сте должни услуга или информација.
Љубов: Со партнерот денеска имате многу да разговарате. Затоа што проблемите се наталожувале, напнатоста пораснала, а сте немале вистинска комуникација. Слободните Девици се расположени за ново познанство.
Здравје: Солидно.
ВАГА
Работа: Не може сè да биде под ваша контрола. Дел од идеите и плановите кои сте ги имале не се реализираат како што треба, а некои од нив, пак, никако не се реализираат. Потребен ви е тим на соработници кои може да ви помогне.
Љубов: Хронично сте зафатени со бесмислени обврски, и не стигнувате да се посветите на својата врска. Слободните Ваги можат да се впуштат во нова врска.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Некој ви „гази на нерви“ поради ситна корист. Тој не знае со кого се замерил, затоа што одмаздата која сте ја подготвиле ќе биде сурова. Но, пред тоа да го сторите, размислите дали е вредно за вашето време.
Љубов: Денеска ќе служите како вреќа за вежбање. Партнерот има свои проблеми, и сака да го сослушате, разберете и поддржите. Слободните Шкорпии може да запознаат некој кој имал тешко минато.
Здравје: Пазете на исхрана, конзумирајте повеќе зеленчук и овошје.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Се чувствувате како обврските да ве „бомбардираат“ од сите страни. Имате премногу работа, а пријателите и роднините имаат многу молби кон вас. Добро ви иде, во нагорна линија сте, ама не можете сè да постигнете.
Љубов: Повторно се јавуваат проблемите од порано. Бевте убедени дека тоа е минато, но сега се враќа. Не сте во прашање вие, него вашиот партнер.
Здравје: Напнатост.
ЈАРЕЦ
Работа: Поминавте доста нестабилен период. Околу вас беа некој пречки, туѓи грешки и неработење, а нешто и вас ви го тргнува вниманието. Меѓутоа сега сè оди во заборав, решението доаѓа, и полека работите на неговото остварување.
Љубов: Немате многу време за партнерот, а ниту разбирање. Сакате да избегате на некое време. Една Вага би можела да ви пружи она што ви треба.
Здравје: Проблеми со покачен притисок.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во еден проект сте влегле со многу ентузијазам. Ама сега тоа не изгледа многу сјајно. Апетитите на соработниците се зголемиле, а вие почнавте да планирате резервна варијанта. Потрудете се чисти да излезете од тоа.
Љубов: Се осамостојувате, и тоа партнерот го гледа. Односите се доста изладени. Слободните Водолии се подготвени за врска полна со жар и страсти.
Здравје: Сè подобро.
РИБИ
Работа: Убаво сте ги испланирале своите работи и обврски, но ве следат „малери“. Можно е да ви се расипал некој тенхички апарат од кој зависи вашата работа.
Љубов: Расположени сте многу романтично и би биле сами со партнерот некаде на топло и сигурно. Слободните Риби ќе бидат заљубени. Можен влез во проблематична врска.
Здравје: Добро.
