Овен
Работа: Денешното соѕвездие може да ви ја отежне работната атмосфера. Чувството на губење контрола на ситуацијата е главниот предизвик на овој ден. Сепак, решението ќе го најдете во последен момент.
Љубов: Пред вас е љубовна авантура со една Вага или Водолија. Ситуацијата носи пресврти и возбудувања кои одамна не сте ги доживеале.
Здравје: Напнатост.
Бик
Работа: Ретроградниот Меркур ја поткопува вашата драга деловна стабилност. Денешните деловни разговори можеби ќе бидат тешки, но сепак ќе постигнете договор.
Љубов: Слободните бикови можат да се заљубат во шармантна и елоквентна Девица. Ова може да се претвори во сериозна врска.
Здравје: Ревматски болки.
Близнаци
Работа: Денес ќе се претставите совршено на деловен состанок и ќе стекнете доверба на долг рок. Ова ќе ви помогне да постигнете значителен напредок.
Љубов: Слободните Близнаци имаат авантура со еден многу шармантен Стрелец. Период на љубовна возбуда и нагласена еротика.
Здравје: варење.
Рак
Работа: Доколку се занимавате со приватен бизнис, денес можете да очекувате да го проширите бизнисот. Новите познанства ќе ви донесат нови перспективи на работа.
Љубов: Раковите кои денес се во врска можат да донесат заедничка одлука за патување. Ве очекува усогласување на односите.
Здравје: Нервоза.
Лав
Работа: Предизвикувачки планетарно соѕвездие можеше да доведе до прекин на некаква соработка. Ова не можеше да ве изнервира бидејќи сте смислиле алтернативен правец за развој на кариерата.
Љубов: Кај вас се буди незадоволство со партнер кој се повеќе се повторува во своето однесување. Сакате промена, а тоа ќе го откриете на почетокот на новата врска со една Вага или Девица.
Здравје: Добро.
Девица
Работа: Овој ден може да ви донесе разговор зад затворени врати. Некои тајни преговори можеби се во тек. Посебен успех очекуваат Девиците кои се занимаваат со научно истражување и пишување.
Љубов: Чувствувате неодолива привлечност кон личност која ја познавате долго време, а наскоро ќе се зближите.
Здравје: варење.
Вага
Работа: Вагите кои се незадоволни од својата работа денес можат да ги активираат своите врски. Некој ваш пријател ќе ви помогне да најдете многу подобра работа.
Љубов: Веќе подолго време негувате повеќе од пријателски чувства кон една личност. Направете го првиот чекор за зближување бидејќи е вистинско време за тоа.
Здравје: Нервоза.
Шкорпија
Работа: Претходното планетарно соѕвездие можеше да остави трага на вашите деловни контакти. Можеби дојде до прекин во дел од соработката, но денес сте на почеток на нов бизнис.
Љубов: Не препуштајте се на бранот сомнежи за партнерот бидејќи се може да заврши со бурни изливи на емоции и љубоморни сцени.
Здравје: Солидно.
Стрелец
Работа: Еден деловен партнер може да се обиде да ја поткопа вашата деловна репутација. Пазете се од интриги и манипулативни луѓе.
Љубов: Љубовта на долгите патувања може да го одбележи овој ден. Последиците можат да бидат меч со две острици бидејќи ви носат продолжување на врската, но на дистанца.
Здравје: Солидно.
Јарец
Работа: Овој ден посветете го на важното деловно планирање и организација за следната недела. Ви претстои предизвик да работите на нов долгорочен проект.
Љубов: Подновувањето со личност која многу ви значела во минатото може да ве стави во дилема бидејќи врската може да стане комплицирана.
Здравје: Добро.
Водолија
Работа: Се наоѓате на крстопат бидејќи ви претстои сосема нов пат во кариерата. Не е вистинското време за да носите важни одлуки.
Љубов: Подемите и падовите во новата врска ве натера да се сомневате дали ова е вистинската личност за вас.
Здравје: Нервоза.
Риба
Работа: Задоволни сте од новите услови за работа и новите деловни соработници. Завршивте едно поглавје во кариерата, а сега е ново поглавје пред вас.
Љубов: Слободните Риби можат да запознаат нова, многу интересна личност на долго патување.
Здравје: Одморете повеќе.
