ОВЕН
Работа: Може да очекувате парична награда или унапредување за работата што сте ја покажале во претходниот период.
Љубов: Една личност се обидува да ви се приближи, но вие несвесно се оддалечувате од него. Размислете околу причината за тоа, можеби не ве интересира доволно.
Здравје: Се чувствувате добро
БИК
Работа: Можно е денеска да се соочувате со мал пад на самодовербата. Не грижете се, нема да потрае долго.
Љубов: Доколку сте во брак, може да очекувате подобрување во односот со партнерот. Конечно ви се враќа оптимизмот.
Здравје: За секој случај, посетете лекар за преглед.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Кризниот период за работа сега е зад вас и имате можност за мала пауза. Конечно сте олеснети.
Љубов: И вие и вашиот партнер сте прилично раздразливи, лесно лути и склони кон хистерија. Обидете се да најдете компромис со разговор.
Здравје: Грижете се за вашите бели дробови.
РАК
Работа: Може да очекувате значајна средба со личност која може да има големо влијание врз вашата кариера.
Љубов: Обидете се да и оставите најповолен впечаток. Можете лесно да го поттикнете вашиот партнер да се промени според вашите барања и очекувања.
Здравје: Важно е да се сменат лошите навики.
ЛАВ
Работа: Неопходно е да се работи на организацијата на трошење пари. Премногу лесно ви „бегаат“ од рацете.
Љубов: Имавте прилично турбулентен период на полето на емоциите и сега е време малку да се смирите.
Здравје: Потребна ви е поголема физичка активност. Престојот во природа е примарно.
ДЕВИЦА
Работа: Можете да очекувате помали парични добивки и успех во бизнисот. Има шанса и за хонорарна работа.
Љубов: Многумина ве забележале, но вниманието сте го посветиле на личност која можеби не го заслужува тоа.
Здравје: Можни болки во грбот.
ВАГА
Работа: Решени сте да ја завршите работата што ви е важна. Имате и одличен тим на соработници кои ќе ви помогнат.
Љубов: Договорете се за поделбата на работата. Се ближи ново познанство кое може да ви биде многу важно.
Здравје: Можни се проблеми со синусите и дишните патишта.
ШКОРПИЈА
Работа: Можно е да работите многу, можеби и премногу. Сепак, вие самите побаравте да бидете на вашата моментална позиција.
Љубов: Имате можност да започнете нова емотивна врска, но сепак размислувате за таа одлука.
Здравје: Чувајте се од провев и силен ветер
СТРЕЛЕЦ
Работа: Мора да ја оправдате довербата што ви е дадена. Важно е да бидете доволно подготвени за да ги докажете своите способности.
Љубов: Уживате во чувството на слобода, уживате во можноста да направите мало истражување за околностите во кои се наоѓате.
Здравје: Прилично тежок ден за вас.
ЈАРЕЦ
Работа: Премногу се грижите и се оптоварувате со некои неважни ситници. Така нема да успеете. Концентрирајте се на примарните ситуации.
Љубов: Повлечени сте и не дозволувате некој да ви пријде во емотивна смисла.
Здравје: Најдете начин за да се опуштите
ВОДОЛИЈА
Работа: Ако сте премногу избрзани и непромислени со вашите коментари, подоцна ќе зажалите.
Љубов: Одлично сте расположени и подготвени да ја пренесете вашата позитивна енергија на партнерот. Сакате да го изненадите.
Здравје: Нискиот притисок ви пречи.
РИБИ
Работа: Вие навистина не се пронаоѓате себеси во работата што ја работите во моментов. Сериозно размислувате за промена на професијата.
Љубов: Размислете за предлозите што ги има вашиот партнер. Овој пат треба да слушнете некои негови совети.
Здравје: Обрнете внимание на вашите соништа и интуиција.
