Во Србија денеска се одржуваат избори за пратеници во Собранието на Србија и во Собранието на Војводина, како и локални избори во 65 општини и градови, меѓу кои и Белград. На 8.273 избирачки места своето право можат да го остварат 6.500.666 запишани избирачи. Избирачките места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот.
Миладин Ковачевиќ, директор на Републичкиот завод за статистика, соопшти дека до 18 часот гласале 51,93 отсто од запишаните избирачи.
Тој наведе дека во Војводина гласале 52,24 отсто, во регионот на Шумадија и Западна Србија 52,75 отсто, во Јужна и Источна Србија 51,84 отсто, а во Белград 51,07 отсто.
„На изборите во 2022 година излезноста во 18 часот беше 50,82 отсто, а конечниот резултат 58,60 отсто“, рече Ковачевиќ.
